Како да препознаете програмер?
0. Кога набројува нешто, започнува со нула;
1. Користи вгнездени загради (понекогаш и јас користам (најверојатно));
2. Кога ќе му поставите некое прашање, се забележува мала пауза пред да ви одговори, пауза во која што прави ментална лексичка анализа, пре-процесирање, синтаксичка/семантичка анализа и оптимизација пред да одговори. Истотака потребно е доста долго време да добиете одговор на некое тривијално прашање како на пример „Сакаш ли кафе?“, прашање после кое програмерот запаѓа во бесконечен циклус се додека не се појави (социјален) интерапт што ќе предизвика краток спој во неговото размислување и ќе го прекине циклусот, по што ќе добиете случаен одговор (било каков претходно зачуван во баферот за одговори);
3. Ако го прашате кои јазици ги знае, ќе ви наброи еден куп (Java, C++, PHP …), а ќе заборави да го каже македонскиот;
4. Кога ќе ви ги претстави своите деца, ќе рече: ова е син ми Џејсон (JSON), а ова е ќерка ми Руби (Ruby);
5. Мисли дека има одличен ракопис, а всушност неговиот ракопис изгледа како да пишувал со нозе;
6. Секоја реченица ја завршува со точка-запирка;
7. Кога бара нешто во некоја книга се нервира многу (затоа што нема Ctrl+F за да го најде веднаш);
8. Носи УСБ стик секаде каде што оди;
9. Кога ќе седне пред нечиј компјутер, одма се жали зошто дотичниот не користи Фајрфокс, и се обидува да го смени;
10. Не се грижи за својот изглед, туку се грижи за кодот на облекување;
11. Ќе ви реши проблем, за којшто не сте знаеле ни дека го имате;



